4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 1,5 милиони евра за 2020...

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 1,5 милиони евра за 2020 година

ТТК Банка АД Скопје за периодот 1.1.2020 до 31.12.2020 година оствари нето добивка на износ од 90,6 милиони денари и е намалена во однос на претходната година кога изнесувала 108,37 милиони денари.

Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нетооперативен приход, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 462,7 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 332,6 милиони денари.

Нето-приходите од камати и понатаму остануваат основна компонента во формирањето на вкупниот оперативен приход на Банката со учество од 58,2 %. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2020 до 31.12.2020 година изнесуваат 269,3 милиони денари и бележат пораст од 0,4 % во однос на истиот период минатата година, пред сẻ како резултат на континуираното кредитирање кон секторот домаќинства. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 96,4 % од Финансискиот план.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 147,7 милиони денари и се повисоки за 6 % во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот промет во земјата, како од секторот население така и од секторот стопанство, како и приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 5,9 %.

Нето-приходите од тргување изнесуваат – 5,2 милиони денари и во однос на минатата година бележат значајно намалување за 21,8 милиони денари како резултат на падот на пазарната цена на сите акции од портфолиото за тргување. Во однос на планираните, остварените нетоприходи од тргување за овој период се пониски за 4,1 милиони денари.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 9,5 милиони денари и бележат раст од 18 % во однос на минатата година и се остварени со 114,7 % од планираните за овој период.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 41,2 милиони денари и се остварени со 58,3 % од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 332,6 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 1,6 %, како резултат во најголем дел на повисоки трошоци за плати, како и материјални трошоци и административни трошоци. Остварувањето е на ниво на планот за 2020 година.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 28,5 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 0,6 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП