1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Шпанија продавале лажни Ферари возила

Во Шпанија продавале лажни Ферари возила

ferari fals1

Шпанската полиција соопштила дека во средата растурила мрежа на измамници кои обичните возила ги менувале за да личат на модели од луксузни марки, како Ферари, а потоа ги продавале на интернет.

Во тек на претресот на две гаражи во Валенсија уапсени се осум луѓе и запленети биле 19 возила од кои 17 лажни од марката Ферари и две имитации на Астон Мартин.

„Најверојатно луксузните автомобили ги рекламирале на две интернет страни и ги продавале по цена од околу 40.000 евра по примерок, додека автентичниот модел во легална продажба чини повеќе од 200.000 евра“, изјавил преставник на полиција.

ferari fals

Осомничените ги правеле деловите за каросеријата од фиберглас и изработувале лажни ознаки за да ги трансформираат автомобилите. Тие оваа измама ја довеле до совршенство така што нивниот краен производ, како во внатрешниот, така и во надворешниот изглед до најситен детал изгледаа како оргиналниот модел.

Во соопштението не се наведува дали некој купувач навистина наседнал на измамата, затоа што е неверојатно некој кој ќе се одлучи да купи Ферари би бил толку наивен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП