Јужнокорејската компанија „LG Display“ ја објави својата највисока квартална добивка во последните три години, враќајќи се на успехот втор последователен квартал со помош на зголемени пратки на компоненти за „iPhone“ на „Apple“.
Доставувачот на „Apple“ објави оперативен профит од 685 милијарди вони (622 милиони долари) за четвртиот квартал од 2020-та година, во споредба со загубата од 422 милијарди вони за истиот период од претходната година.
Ова е најголем профит на компанијата за дисплеи од вториот квартал на 2017-та година. Износот беше за 286 милијарди вони над очекувањата на пазарот, според податоците на „Refinitiv SmartEstimate“.
„Бидејќи глобалната состојба на работа од дома продолжи во четвртиот квартал, побарувачката за телевизори и ИТ производи остана силна“, велат од „LG Display“.
Продажбата и цените на „OLED“ панелите се зголемија и кај телевизорите и паметните телефони. Силните резултати беа поддржани и од производството со максимален капацитет во „OLED“ фабриката во Гуангжу, објави компанијата.
Аналитичарите посочуваат на зголемена продажба на „OLED“ дисплеи за новата серија „iPhone 12“, како и на повисоките цени на „LCD“ панелите. Второ, забележа раст благодарение на зголемената побарувачка за телевизори од луѓето ширум светот, кои беа затворени дома поради пандемијата.
Продажбата на „iPhone“ за четвртиот квартал веројатно скокна за 21% поради силните перформанси на „iPhone 12“, покажуваат податоците на „Counterpoint“.
Ефектот од посилната продажба на „iPhone“ може да се прелее и во резултатите на „LG“ во првиот квартал, велат аналитичарите.
„Првата половина од годината е обично послаба сезона, но оваа година е поинаква. Ќе биде профитабилна и понатаму, бидејќи продажбата на „iPhone 12“ се очекува да ја зголеми продажбата на дисплеји за 1,5 до двапати поголема од волуменот од пред една година“, рече Ким Куан-Џиен, аналитичар во „Yuanta Securities Korea“.
Според него, цените на „LCD“-дисплеите исто така ќе останат високи.
Приходите на „LG Display“ пораснаа за 16% во последниот квартал на 7,5 трилиони вони.