Најновиот премиум телефон на „Samsung“, „Galaxy S21 Ultra“, е достапен во претпродажба, и време е уредот да биде во рацете на Зак од „YouTube“ каналот – „JerryRigEvery Everything“ и да помине интересни тестови за издржливост на кои редовно поминуваат телефоните на овој канал.
Интересно е што на Зак му беше испорачан модел со две заштитити на екранот применети на „Gorilla Glass Victus“, што беше откриено со тестот за гребење. Не е познато дали ова ќе биде практика која „Samsung“ ќе ја примени или е грешка за време на склопувањето на телефонот.

