2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс: Испораката на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат за 6...

Бил Гејтс: Испораката на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат за 6 до 8 месеци

Посиромашните земји, во најдобар случај ќе доцнат од 6 до 8 месеци во набавката на вакцини против Ковид-19 во споредба со побогатите земји, проценува филантропот Бил Гејтс.

Во интервју за Ројтерс, Гејтс рече дека дистрибуцијата на вакцини е исклучително голем проблем што врши притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.

„Секој политичар е под притисок да се бори да ја врати својата земја на почетокот на редот“, вели Гејтс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега вети 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата Ковид-19, вклучително и во рамките на програмата COVAX за правична дистрибуција на вакцините водена од Светската здравствена организација.

COVAX планира да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, од кои 1,8 милијарди дози се бесплатни за сиромашните земји. Тој се надева дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.

Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцините преку COVAX првично ќе биде скромна.

Гејтс во средата во писмото во кое ги објави приоритетите на фондацијата, напиша дека верува дека луѓето што живеат во побогатите земји ќе бидат сведоци на крај на пандемијата и враќање на нормалниот живот до крајот на годината, под услов вакцинацијата да опфати 70 до 80 проценти од населението.

Тој додаде дека пандемијата резултираше и со нешто добро – значително забрзување во развојот на вакцините, како што е онаа заснована врз технологија за РНК што ја користат BioNTech / Pfizer и Moderna.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП