Германскиот производител „BMW“ ќе ја поедностави својата гама на модели и ќе ги отстрани од својата опрема најнепопуларните опции меѓу клиентите. Ова ќе се случи во следните неколку години, со што ќе се намалат трошоците и ќе се зголемат приходите на производителот, откри во интервју финансикиот директор на „BMW“, Николас Питер.
Од неговите зборови станува јасно дека преминот кон електрични автомобили е доста „болен“ за компанијата од финансиски аспект. Затоа мора да се бараат нови начини за намалување на трошоците и зголемување на приходите. На краток рок, ова изгледа вака – намалување на бројот на понудени енергетски единици и дополнителни опции за различни модели, како и елиминирање на некои популарни карактеристики.
Покрај тоа, „BMW“ планира да го преиспита својот пристап кон имплементација на софтвер во своите автомобили. Прво, може да го поедностави и направи развојот на нови модели уште поефикасен, и второ, може да ги задоволи желбите на клиентите на најголемиот светски пазар, Кина.
Истражувањата таму покажуваат дека околу две третини од сопствениците на автомобили се подготвени да се префрлат на друг модел на бренд доколку им понуди поинтересно „искуство со дигитална интеракција“ (овој термин се однесува на пошироки мрежни можности за персонализација и уникатни сервисни станици).
Според новата стратегија на „BMW“, во следните 2 години компанијата ќе произведе 250.000 повеќе електрифицирани автомобили отколку што беше планирано досега. Така, нивниот удел во продажбата ќе скокне од предвидените 8 на 20%. До крајот на деценијата, компанијата ќе претстави 9 нови електрични автомобили, вклучително и под марката „MINI“.