26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ „WeTransfer“ се насочува кон берзата

И „WeTransfer“ се насочува кон берзата

Холандскиот давател на услуги за податоци „WeTransfer“ размислува за првична јавна понуда (ИПО) во април или мај. Компанијата ги ангажираше банките „Morgan Stanley“ и „Bank of America-Merrill Lynch“ да дебитира на берзата во Амстердам, изјавија за „Reuters“ тројца извори запознати со плановите. Портпаролите на компанијата и банките одбија да коментираат.

„WeTransfer“ е најпознат по својот бесплатен пренос на големи количини на податоци како што се видеа или фотографии преку Интернет и создава најголем дел од своите приходи за рекламирање при поставување и преземање датотеки. Компанијата нуди и платени услуги, како што се креирање презентации или организирање проекти.

Помеѓу 2017-та и 2019-та година, годишните приходи се зголемија повеќе од двојно, на 44,1 милиони евра. Во моментов, околу 1,5 милијарди датотеки се споделуваат преку „WeTransfer“ секој месец. Најголеми акционери се инвеститорите „Highland Capital Partners“ со учество од 57,6 проценти, „STAK“ со 19 проценти и „HPE Growth“ со 13,5 проценти.

Голем број технолошки компании сакаат да ги искористат апетитите на инвеститорите за нови можности за инвестирање и бараат ИПО во оваа година. Платформата за користени автомобили „Auto1“ („wirkaufendeinauto.de“) има намера да го прослави своето деби на Франкфуртската берза на 4-ти февруари. Електронскиот трговец на мало „Moonpig“ ја има за цел Лондонската берза. Полскиот „InPost“ објави котација на Амстердамската берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП