23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостроги правила за влез во Германија: Северна Македонија во категоријата земји со...

Построги правила за влез во Германија: Северна Македонија во категоријата земји со голема инциденца

За повеќето земји со особено голем број инфекции, меѓу кои се и Северна Македонија и земјите од регионов, или земји со опасни мутации – од неделата важат построги правила за влез во Германија.

Контролата се спроведува на германските граници и аеродроми.

За да се заштити Германија од увоз на нови случаи со корона, Федералната влада класифицираше значително повеќе земји, како области со висок ризик отколку порано.

Новина е списокот на земји во кои има таканеречена седумдневна инциденца на повеќе од 200 нови инфекции на 100.000 жители неделно (Германија во моментов: 111).

За сите патници кои доаѓаат или се враќаат во Германија, важи следново: задолжителна регистрација преку интернет на веб-страницата einreiseanmeldung.de – пред да влезат во земјата.

Три категории на ризик

Според Институтот Роберт Кох (РКИ), во категоријата земји со голема инциденца (повеќе од 200) од неделата 24.01 се следниве земји:

Во Европа – Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Албанија, Шпанија, Португалија, Естонија, Летонија, Литванија, Андора и Чешка.

Во Африка и на Блискиот исток – Египет, Иран, Израел, Либан и Обединетите Арапски Емирати.

Во Јужна и Северна Америка – Панама, Колумбија, Боливија, Мексико и САД.

Во категоријата области во кои досега се појавија многу заразни мутации на коронавирус, спаѓаат: Велика Британија, Ирска, Северна Ирска, Јужна Африка и Бразил.

За патниците од овие земји, од обете категории важи – влезот во Германија е дозволен само со негативен тест – кој не смее да биде постар од 48 часа.

Патниците од ризичните области, земјите или регионите со инциденца над 50, во која спаѓа и Хрватска, мора да се тестираат не подоцна од 48 часа – по влегувањето во Германија.

Систематски и случајни контроли

Според германското Министерство за внатрешни работи, тестовите систематски се проверуваат на аеродромите и пристаништата.

Особено, летовите од таканаречените области со висок ризик се „доследно проверувани“ – проверени директно во авионот и пред пасошка контрола.

Покрај тестовите, се контролира и дали патниците ги пополниле формуларите за апликација.

Во пограничните области со другите земји на ЕУ и Швајцарија, патниците се проверуваат по случаен избор.

Според федералната полиција, дополнителните мерки служат за идентификување на патници кои мора веднаш да бидат испратени во карантин.

Карантин

Во принцип, сите патници кои влегуваат или се враќаат во Германија и кои престојувале во ризични области (категории од 1 до 3) во последните десет дена пред влезот, треба да поминат десетдневен карантин.

Карантинот може да се скрати само по пет дена, ако се направи друг тест и е негативен.

Правилата за карантин се одговорност на федералните покраини и затоа може да се разликуваат.

Деловните патувања генерално се ослободени од карантин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП