19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри намирници со кои го "минирате" вашиот имунолошки систем

Три намирници со кои го “минирате” вашиот имунолошки систем

Начинот на живот и исхраната значително влијаат на тоа колку вашиот имунолошки систем може да ве заштити од болести и колку брзо ќе се опоравите.

Покрај спиењето, вежбањето и намалувањето на стресот, содржината на хранливи материи во храната која ја јадете може многу да влијае на тоа колку сте подготвени да се борите против болестите.

„Овошје, зеленчук, цели зрна, протеини со малку маснотии, јаткасти плодови и семиња ќе го одржат вашиот имунолошки систем здрав за да ве заштити кога ви е најпотребно“, изјави диетичарката Марги Сајдел за Real Simple.

Лошите навики во исхраната, кои вклучуваат храна и пијалоци со ниски хранливи вредности, можат да го нарушат вашиот имунолошки систем. Прекумерното уживање во нив е тесно поврзано со дебелината, дијабетес и други хронични болести. Според Сајдел, таа иста храна може да го загрози вашиот имунолошки систем и неговата способност да ве одржува здрави. Еве што таа советува да се избегнува.

Газирани пијалаци

„Газираните сокови полни со шеќер не носат ништо друго освен празни калории“, вели Сајдел.

Прекумерната конзунација на шеќер придонесува за дебелина и сродни хронични болести и може да го зголеми воспалението и да ја компромитира способноста на лицето да се бори против болести.

Алкохол

Ако имате ослабен имунолошки систем, можеби претерувате со алкохолот.

„Прекумерното уживање во алкохол може да доведе до намалена способност на вашето тело да се бори против болестите, а исто така може да ве направи подложни на воспаление на белите дробови и други состојби, побавно зараснување на раните и бавно закрепнување од болестите“, вели Сајдел.

Готова замрзната храна

Во отсуство на време, понекогаш може да посегнете по готова замрзната храна, но тоа не ве штити од болести.

„Содржината на натриум, шеќер, заситени масти и рафинирани јаглехидрати во таквата храна е голема, а има малку хранливи материи и растителни влакна“, објаснува Сајдел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП