20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го најавува електричниот „М“ модел во текот на 2021-ва

„BMW“ го најавува електричниот „М“ модел во текот на 2021-ва

Оваа година доаѓа електричниот автомобил „BMW М“.

Ова е официјалната вест кажана од Маркус Флеш, извршниот директор на „BMW М“.

Според „Autoblog“, сè уште нема официјален датум на презентација, па „BMW“ има 11 месеци да го финализира. Најновите извештаи сугерираат дека автомобилот ќе биде „М“ верзија на идниот „i4“.

„BMW“ сè уште не го објави името за ова возило, па сè уште не е целосно јасно како ќе се вика. „М Performance Series 4“ е „M440i“ со бензински мотор, а „i4 M“ означува модел „M“ како „X4 M“ или „X5 М“.

Комплетен електричен „М“ автомобил не се очекува, барем засега, но „BMW“ сигурно работи на тоа. Се вели дека напојувањето доаѓа од пар електрични мотори кои произведуваат повеќе од 500 кс.

„М440i“ достигнува брзина од 100 km/h за само 4,3 секунди со 382 кс, па се сомневаме дека овој електричен автомобил може да биде во согласност со целосниот „М4“ во однос на забрзувањето (4,1 секунди).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП