петок, февруари 26, 2021
4 °c
Skopje
10 ° пет
6 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.79 0.21%    BGOR 147.00 -1.34%    GRNT 1,300.00 -0.46%    KMB 8,196.31 0.06%    LHND 615.00 0%    MPT 73,000.00 -0.4%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,449.50 -5.21%    UNI 2,580.00 -0.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Туристичкиот сектор пред колапс – ако не продолжи помошта за исплата на плати ќе има масовни отпуштања

јануари 24, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Туристичкиот сектор пред колапс – ако не продолжи помошта за исплата на плати ќе има масовни отпуштања
237
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

10.000 работни места веќе се изгубени, а ако не продолжи помошта од државата за исплата на минимална плата, до март ќе има масовни отпуштања на уште 10.000 работници, а голем дел од компаниите во туристичкиот сектор ќе се соочат со блокади на сметки или затворање. Вакви се прогнозите на туристичките работници во земјава кои како и колегите во светот ја преживеја најлошата година до сега. Велат тешко е да се изнајдат механизми кои можат да ги надоместат последиците од пандемијата со Ковид-19, заради обемот на проблеми кои произлегле, а кои и понатаму се продлабочуваат.

„Земајќи ги во предвид фактот дека хотелските капацитети и туристички агенции подолг период се речиси без економска активност, а поголем дел од компаниите веќе се затворени, можеме да очекуваме значително зголемување на бројот на невработени лица од секторот туризам. Во услови на продолжена здравствена криза доколку не продолжи финансиската поддршка основани се очекувањата за масовни отпуштања на дополнителни 10 илјади лица или блокирани сметки во текот на месец март кај бројни компании од секторот туризам што ќе ги обезвредни сите досегашни напори од страна на Владата направени за сочувување на што е можно повеќе работни места истовремено. Тоа ми дава основа да ги поставам како приоритет препораките за продолжување на финансиската поддршка на платите со специјален дизајн за туризам најмалку до месец април кога би се овозможиле услови за прилагодување од страна на компаниите од секторот туризам и ослободување од потребата за помош“, изјави за „Денар“ Кристијан Џамбазовски, претставник на здружението за туризам при СКМ.

Туристичкиот сектор практично е пред колапс. Статистиката го мери најголемиот пад до сега и во бројот на туристи и во ноќевања, но паднал и прометот во секторот. Така според податоците на Државниот завод за статистика падот до крајот на ноември е двоцифрен. Така во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %. Додека пак  бројот на ноќевањата е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.7 %, а кај странските има намалување за 84.1 %.

А нецелосните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат  драматичен пад и на приходите. Кај категоризираните сместувачки капацитети тој е над 65%, додека кај туристичките агенции има намалување на приходите близу 90% за 2020 година во однос на истиот период во 2019-та година.

Владата пак најави дека со петтиот пакет антикризни мерки ќе продолжи поддршката за исплата на плати за компаниите, а најави дека ќе продолжи мерката за ваучери за туризам, кои годинава наместо 100 евра, треба да изнесуваат 200 евра. Но ќе биде ли тоа доволно да се ублажат последиците од продолжената криза со Ковид -19.

Експертите се децидни дека мерката за стимулирање на домашниот туризам преку ваучерите е добра, но покажала делумна ефективност. И препорачуваат таа да продолжи и годинава.

„Според податоците на Државниот завод за статистика  за периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на домашните туристи има намалување за 20.3 %, а за ноќевањата има намалување за 14.7 %. Според изјавите на официјалните лица бројот на реализирани вредносни ваучери за туризам е 50 илјади што е половична реализација од предвиденото. Овие податоци упатуваат на делумна ефективност на мерката вредносен ваучер за туризам“, вели Џамбазовски.

Според него пропуст е што не биле вклучени на време туристичките агенции, туку тие се вклучија подоцна во процесот на резервација, односно реализација на туристичкиот ваучер.

„Овој пропуст подоцна е отстранет, но реакцијата се покажа како задоцнета бидејќи туристичките агенции не располагаа со доволно простор за да ги уредат деловните односи и да распишат аранжмани или да понудат дати за резервации. Дел од причината го наоѓам и во задоцнетата реакција при утврдување на здравствените протоколи за користење на плажите и користење на дополнителните содржини како базени и друго кои претставуваа основен мотив за патување особено за оние туристички места кои имаат изразена летна туристичка сезона. Сепак мерката даде позитивни резултати и доколку продолжи и во 2021 година како што се најавува мерката има потенцијал да постигне висока ефективност“, вели Џамбазовски.

Втора мерка која ја бара Комората и годинава е да се воведат бесплатни тестови или делумно субвенционирани тестови за Ковид-19 за странски државјани со туристички престој во земјава за времетраење на пандемијата.

„Оваа препорака предвидува бесплатни тестови наменети за странски државјани кои ќе докажат туристички престој во Република Северна Македонија со хотелска сметка или ваучер издаден од туристичка агенција кој го потврдува туристичкиот или деловен престој на странскиот државјанин или друг приложен доказ. За организирани туристички групи тестовите да бидат земени во сместувачкиот објект каде е сместена групата по упатено барање од страна на сместувачкиот објект, а резултатите да бидат издадени на англиски јазик во рамки на 24 часа. Тестовите да бидат овозможени за државјаните на оние држави на кои ќе им бидат потребни при влез назад во матичната држава. Воедно да бидат подготвени протоколи за дејствување во случај на позитивни резултати од направениот тест. При вакви околности и во случај на делумно субвенционирани тестови или ограничена цена домашните и странските партнери ќе бидат во можност да ги споделат трошоците за COVID тестот и сето тоа да се направи низ безбедна и утврдена процедура која ќе овозможи зголемена деловна активност и проодност на патници, но и организирани туристички движења“, вели Џамбазовски за „Денар“.

Според него од клучно значење е конституирањето на Комитетот за туризам, но и Владата итно да ги разгледа и донесе мерките за справување со последиците од пандемијата.

С.А

Тагови: колапсплатисектортуризам
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

На градилиштето зад „Рамстор мол“ биле затекнати 97 непријавени странски државјани

Следна Објава

Пандемијата го зголеми јавниот долг во ЕУ, кај многу земји надмина 100 отсто од БДП-то

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%
КОМПАНИИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
19

Софтверската компанија „SAP“ има намера да им исплати на своите акционери значително поголема дивиденда. Надзорниот одбор, во координација со бордот...

Прочитај повеќе
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници
ЕКОНОМИЈА

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
38

На Европската унија ќе и бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени работници за стари лица до 2030-та година, со цел...

Прочитај повеќе
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година
КОМПАНИИ

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
11

Ковид-кризата во 2020-та година беше причина за сериозен пад во извештајот на шпанската телекомуникациска група „Telefonica“ - со последици за...

Прочитај повеќе
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила
АВТОБИЗ

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
95

„Mercedes-Benz“ отвори нова страница во својата веќе богата историја. Германската марка го одбележа производството на 50 милиони автомобили, а јубилејниот...

Прочитај повеќе
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити
ЕКОНОМИЈА

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021
25

Хрватска е еден од европските рекордери по кредити чија отплата е замрзната поради кризата со Ковид-19. Ова го покажаа новите...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Голдман Сакс: Златото и биткоинот не се во колизија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • НАЈТОЧЕН ТЕСТ: 4 прашања за одредување на личноста

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021

февруари 25, 2021
1.7k
Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021

февруари 22, 2021
6.7k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
102

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Пандемијата го зголеми јавниот долг во ЕУ, кај многу земји надмина 100 отсто од БДП-то

Пандемијата го зголеми јавниот долг во ЕУ, кај многу земји надмина 100 отсто од БДП-то

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани