26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ бележи рекордна достава на гас преку „Северен поток“ во 2020-та

„Газпром“ бележи рекордна достава на гас преку „Северен поток“ во 2020-та

„Nord Stream“ објави рекордни испораки на природен гас преку „Северен поток“ во 2020-та година. Минатата година низ цевките поминале 59,2 милијарди кубни метри природен гас. Проектираниот капацитет на гасоводот е 55 милијарди кубни метри.

Токму со зголемената побарувачка во Русија, уште повеќе ја поттикнува нивната желба да изградат уште две цевки со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри на дното на Балтичко Море. Сепак, на овие планови строго се спротивставуваат во САД.

Според податоците на проектната компанија, во 2019-та година преку „Северен поток“ биле испорачани 58,5 милијарди кубни метри гас во Европа, што значи пораст на испораките од 1,2% во однос на минатата година.

Првиот гасовод започна со работа во 2011-та година. Оттогаш, низ него поминале вкупно 382 милијарди кубни метри руски природен гас.

Главен акционер во „Nord Stream“ со 51% од капиталот е „Газпром“. Германските „Wintershall“ и „E.ON Ruhgas“ исто така имаат удели во компанијата (по 15,5%), како и холандската „Gasunie“  и француската „Engie“ – по 9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП