19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХоландскиот авиопревозник ќе отпушти 1.000 работници

Холандскиот авиопревозник ќе отпушти 1.000 работници

Авикомпанијата „KLM“, холандската подружница на „Air France“, објави дека ќе укине дополнителни 1.000 работни места во текот на оваа година и изрази противење на плановите на владата да воведе обврска да ги тестира сите патници на Ковид-19 пред летот за Холандија.

Авиокомпанијата изјави дека ќе следи ново намалување на работната сила, покрај затворањето на 5.000 работни места во текот на 2020-та година, пренесува „Reuters“.

Во исто време, коалицијата од холандски авиокомпании, вклучително и „KLM“, издаде посебно соопштение во кое се вели дека се спротивставува на барањето сите патници што патуваат за Холандија да направат брз тест за Ковид-19 во рок од четири часа пред да се качат и полетаат кон оваа земја.

„Холандија ќе биде единствената земја во светот што ќе донесе вакви далекусежни мерки“, се вели во соопштението на здружението на авиокомпании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП