27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро може да пристигне поевтин „Galaxy S21 4G“ модел

Наскоро може да пристигне поевтин „Galaxy S21 4G“ модел

„Samsung“ досега има преставено само „5G“ варијанти на своите нови телефони од серијата „Galaxy S21“, но се чини дека е во подготовка и на поевтин модел.

Холандската страница „Galaxy Club“ ја забележа „LTE“ верзијата на стандардниот „Galaxy S21“ модел во „Bluetooth SIG“ базата на податоци. Телефонот ја користи ознаката на моделот „SM-G990F“.

Моделот „Galaxy S21“, кој ќе има само 4G поддршка, во голема мера ќе ги задржи истите спецификации како и стандардниот „5G“ модел. Тоа значи дека ќе има 6,2-инчен дисплеј од 120Hz, три камери на задната страна (главна од 12MP, „zoom“ од 64MP и ултра-широка од 12MP), како и батерија од 4.000mAh. Чиповите „Qualcomm Snapdragon 888“ и „Samsung Exynos 2100“, кои се користат во телефоните, имаат вградени „5G“ модеми. Не е јасно кој чип ќе го користи „4G“ моделот.

Почетната цена за „5G“ верзијата на телефонот е 799 долари, но скоро е сигурно дека „LTE“ моделот ќе биде барем малку поевтин.

Се очекува телефонот да не биде наменет за Европа и американскиот пазар, па затоа најверојатно „Galaxy S21 4G“ ќе биде наменет за пазари каде „5G“ мрежата сè уште не е достапна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП