петок, февруари 26, 2021
4 °c
Skopje
10 ° пет
6 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.79 0.21%    BGOR 147.00 -1.34%    GRNT 1,300.00 -0.46%    KMB 8,196.31 0.06%    LHND 615.00 0%    MPT 73,000.00 -0.4%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,449.50 -5.21%    UNI 2,580.00 -0.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита

јануари 23, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, КОРОНА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита
66
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Нови 307 случаи со КОВИД-19 од направени 1.854 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа 14 лица во болнички услови, а оздравени се 658 пациенти.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.124, бројот на оздравени пациенти е 76.045, на починати е 2.768, а бројот на активни случаи изнесува 11.311. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на КОВИД -19.

Од новите позитивни на КОВИД-19, во Скопје се 137, во Куманово 17, во Велес 15, во Тетово и во Прилеп по 13, Дебар 11, Гостивар, Охрид и Кавадарци по 10, девет во Струмица…

Во Скопје активни случаи има 6.455, во Тетово – 467, во Куманово – 433, во Струмица – 362, во Кавадарци – 355, во Охрид – 349, во Гостивар – 306, Прилеп – 259, Битола – 226… Најмалку активни случаи или седум има во Дојран.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти вчера Министерството за здравство.

Според надлежните, кај нас нема мутација на коронавирусот, слична на таа која се појави во Велика Британија, односно кај нас е присутен истиот вирус.

– Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерки за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство истакна дека сите вакцини се евалуираат, а тоа на што ставаат приоритет е да се осигураат во нивниот квалитет. Филипче смета дека сосема добро може да го спроведат процесот на имунизација и посочи дека ќе останат тука да ги вакцинираат сите наши граѓани, по приротиет така како што се дефинирани групите.

– Имавме разговор со претставништвото на „Фајзер“ во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме, појасни Филипче.

Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека вие денови се очекува да стигнат првите две-три илјади вакцини од договорените 8.000 од српските вакцини од „Фајзер“ коишто дефинитивно се усогласени и политички договорени.

– Идната недела се очекуваат првите информации за првите количини преку КОВАКС системот, а во февруари се очекуваат вакцините кои се договорени директно со компанијата „Фајзер“, изјави Заев.

Нашата земја, вели премиерот Заев, е целосно подготвена со обезбедени ладилници за вакцините и веќе е изграден системот за вакцинација, а први ќе ја примат медицинските работници од КОВИД болниците кои се 7.850 на број, останатиот медицински персонал, хронично болните и возрасните луѓе.

Тагови: ковидмеркислучаеви
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Времето денеска облачно и врнежливо

Следна Објава

Прв натпревар за Барди во Леванте по тримесечна пауза

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%
КОМПАНИИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
20

Софтверската компанија „SAP“ има намера да им исплати на своите акционери значително поголема дивиденда. Надзорниот одбор, во координација со бордот...

Прочитај повеќе
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници
ЕКОНОМИЈА

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
39

На Европската унија ќе и бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени работници за стари лица до 2030-та година, со цел...

Прочитај повеќе
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година
КОМПАНИИ

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
11

Ковид-кризата во 2020-та година беше причина за сериозен пад во извештајот на шпанската телекомуникациска група „Telefonica“ - со последици за...

Прочитај повеќе
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила
АВТОБИЗ

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
95

„Mercedes-Benz“ отвори нова страница во својата веќе богата историја. Германската марка го одбележа производството на 50 милиони автомобили, а јубилејниот...

Прочитај повеќе
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити
ЕКОНОМИЈА

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021
25

Хрватска е еден од европските рекордери по кредити чија отплата е замрзната поради кризата со Ковид-19. Ова го покажаа новите...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Голдман Сакс: Златото и биткоинот не се во колизија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • НАЈТОЧЕН ТЕСТ: 4 прашања за одредување на личноста

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021

февруари 25, 2021
1.7k
Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021

февруари 22, 2021
6.7k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
102

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Прв натпревар за Барди во Леванте по тримесечна пауза

Прв натпревар за Барди во Леванте по тримесечна пауза

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани