Авиокомпанијата „Lufthansa“ губеше 1 милион евра на секои два часа, што е „значително подобрување“ од дното за време на кризата со Ковид-19, рече извршниот директор.
„Lufthansa“, која лани во еден момент трупаше загуби двојно побрзо, ги намалува трошоците и ги ограничува летовите на оние што создаваат позитивни приливи на пари, благодарение на големиот товарен сообраќај, изјави извршниот директор Карстен Шпор.
Минатата година компанијата доби пакет помош од 9 милијарди евра, во кој германската влада зеде 20% од акциите.
Досега, „Lufthansa“ искористи околу 3 милијарди евра помош, рече Шпор, додавајќи дека на компанијата можеби нема да и треба целата сума.
Авиокомпанијата сè уште се надева на силно закрепнување на патувањата во текот на летото, рече Шпор, додавајќи дека очекува враќање од 40% до 60% од капацитетот пред кризата за целата година.
Тој додаде дека „Lufthansa“ ќе извршува летови што ги чинат патниците само 9 евра ако тоа им дозволи да ги задржат слотовите на големите аеродроми. Пред некое време, тој беше познат по тоа што ги отфрлаше ваквите цени што ги нудеа неговите конкуренти како неодговорни.
Слотовите на големите аеродроми обично се силно контролирани. Ако авиокомпаниите не ги користат, тие ги губат. Прагот на кој обично ги губат е доколку ги користат за помалку од 80% од времето. Претходно, авиокомпаниите беа принудени да вршат летови на „духови“ за време на помирните зимски месеци за да ги пополнат потребните слотови.
Овие правила создадоа проблем по пандемијата. Авиокомпаниите сакаат да ги намалат летовите поради огромниот пад на бројот на патници, но исто така не сакаат да ги изгубат скапоцените слотови. Сепак, лидерите во индустријата решија релативно брзо да воведат попусти за авиокомпаниите. Европската комисија има за цел да ги врати правилата за слотови во летото 2021-ва година.
„Секоја авиокомпанија како нас што зависи од системот на хаб, ќе стори сé што е можно за да ги задржи своите слотови. Ако треба да летаме со празни авиони, веројатно ќе понудиме билети за 9 евра за да ги задржиме летовите во системот. Откажувањето на важните слотови е на штета на идните генерации на вработени во „Lufthansa“, „Air France“, „British Airways“, „KLM“ – коментира Шпор.
Европската комисија го претстави својот нов предлог за попусти на слотовите на 16-ти декември минатата година. Комисијата предлага правилото за употреба да се намали на 40% од 80% од времето. Предлогот се заснова на податоци дека сообраќајот е намален на 50% од нивото во 2019-та. „Lufthansa“ очекува во првиот квартал да достигне само 20% од својот нормален капацитет.