29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„IBM“: Оваа година ќе го вратиме растот на приходите

„IBM“: Оваа година ќе го вратиме растот на приходите

„International Business Machines“ (IBM) очекуваат да се вратат на растот на приходите во оваа година, откако објавија пад од 4,6% на овој индикатор за 2020-та година, бидејќи корпоративните клиенти се фокусираа на своите заштеди за време на пандемијата на коронавирусот.

„IBM“ објави помал приход од продажба за секој квартал од 2020-та година, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува извршниот директор Арвинд Кришна, кој го презеде водството за време на пандемијата. Приходите паднаа за 6,5 проценти на 20,37 милијарди долари во последниот квартал, што е под предвидувањата на аналитичарите според „FactSet“.

Цената на акцијата на „IBM“ потона 6,8% за време на тргувањето по работното време. Претходно, акциите ја завршија трговската сесија во четвртокот по цена од 131,65 долари, а за последната година вредноста на акциите се намали за 5,4%.

„IBM“, кој минатата година престана да дава финансиски предвидувања поради неизвесност за влијанието на пандемијата врз бизнисот, сега објави дека очекува приходите да се вратат на раст во 2021-ва година. Компанијата очекува прилагодени протоци на готовина од 11 до 12 милијарди долари за годината и помеѓу 12 и 13 милијарди долари до 2022-ра година.

„Чекорите што ги преземаме за да се фокусираме на хибридниот облак и вештачката интелигенција ќе продолжат, давајќи ни доверба дека можеме да постигнеме раст на приходите во 2021-ва година“, рече Кришна.

Тој рече дека „IBM“ се охрабрува да презема повеќе ризици за да го зајакне растот со тоа што е потолерантен кон неуспесите во компанијата.

„Ова треба да ни овозможи побрзо да одговориме на клиентите, да оствариме повеќе можности и да имаме подобри деловни резултати“, рече Кришна.

„Оваа културна промена, како и другите промени, имаат за цел да ги вратат приходите на компанијата на раст, што значи дека „IBM“ „ќе изгледа поинаку на крајот на годината““, рече извршниот директор.

Пионерот за информатичка технологија, „IBM“, се бори да ја обнови својата деловна активност во ерата базирана на облачни услуги и во последната деценија бележи претежно пад на приходите. Како дел од најновите напори за деловен пресврт, „IBM“ планира да посвети голем дел од своето работење на понуда на ИТ услуги – деловна активност од 19 милијарди долари. „IBM“ вели дека е на пат да го раздели целосно бизнисот до крајот на оваа година.

Мартин Шретер, кој минатата година ја напушти „IBM“ по скоро 30 години минати во компанијата, ќе биде извршен директор на одделот.

Кришна се фокусира на растот на приходите на „IBM“ и инвестира во вештачка интелигенција и хибридни облаци. Од преземањето на компанијата, „IBM“ направи 10 аквизиции, вклучително и „Taos Mountain“.

Приходите од облак услугите на „IBM“ пораснаа за 10% во четвртиот квартал и 19% во 2020-та година.

Заработката на „IBM“ во четвртиот квартал падна на 1,36 милијарди долари или 1,51 американски долари од акција, од 3,67 милијарди долари или 4,11 долари по акција една година порано. На прилагодена основа, заработката од продолжување на работењето е 2,07 долари по акција. Аналитичарите анкетирани од „FactSet“ очекуваа прилагодена заработка од 1,81 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП