22 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМобилни апликации од по 999.99 долари

Мобилни апликации од по 999.99 долари

aplikacija

Најскапите апликации на светот достигнуваат цена до илјада долари. Дали себеси ќе си дозволите некоја од нив?

„Business Insider“ ја направи листата со седум најскапи апликации во светот во моментов кои чинат по 999.99 долари, а тие се:

1. „BarMax CA“ – Апликацијата е измислена на Харвард за да ги поттикне студентите да положат испити на правниот факулет. На апликацијата се наоѓаат повеќе од 50 часат лекции од различни предмети.

2. „The Alchemist SMS“ – Апликација која ви говори кои метали се рециклираат во која време за да можете повеќе да заработите.

3. „Alpha Trader“ – Апликација е направена за економисити. Многу детално говори за падот и растот на акциите во одреден период.

4. „MobilGage NDI“ – Многу детална апликација со која можете да измерите што и да посакате.

5. „Agro“ – Апликација која е многу корисна во земјоделството. Ги лечи главоболките од големата папирологија, затоа што оваа апликација води грижа за сето тоа во текот на целата година.

6. „Yikes“ – На фановите на американскиот фудбал им овозможува се, од изработка на план за игра до следење на лигата.

7. „VIP Black“ – Апликација која е уште позната како апликација за милионерите. Може да резервираат VIP место на било кое луксузно место во светот. Само морате да имате повеќе од милион долари на сметка за да ја купите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП