3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Софија – Струјата во Бугарија поевтини за околу пет проценти, објави Државната комисија за енергетика и управување со водите (ДКЕВР). Намалувањето на цената на трите оператори, австрискиот ЕВН, чешкиот ЧЕЗ и „Енерго Про“, ќе стапи во сила од 1 август, наведе Комисијата. Дневната тарифа на струјата во Бугарија, најсиромашна земја во ЕУ, ќе се намали од 4,12 до 4,90 проценти, а ноќната од 3,43 до 6,82 отсто.

Белград – Стапката на невработеност во Србија е во благ пад, изјави началник началникот на Оделот за анкетни истражувања при Републичкиот завод за статистика на Србија. Владан Божаниќ. – Гледано во однос на април минатата година, стапката на невработеност е намалена за 1,4 проценти поени. Минатата година таа изнезуваше 25,5 отсто додека во април оваа година се намали на 24,1 отсто, нагласи Божаниќ.

Подгорица – Во првите шест месеци оваа година стапката на невработеност во Црна Гора порасна за 5,1 отсто во однос на истиот период лани, сооопшти началникот на Одделението за пазар на трудот при Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ), Гојко Драгаш. Тој додаде дека стапката на невработеност во земјата опаднал од 12,97 на 12,96 отсто. Во Бирото за труд на Црна Гора сега се пријавени 30.080 невработени. Од почетокот на годината Заводот за вработување на Црна Гора евидентираше 8.790 нови невработени, додека во истиот период биле вработени 8.350 лица.

Сараево – Стапката на невработеност во Босна и Херцеговина, според податоците на Заводот за вработивање во Сараево, е во благ пад. Во мај 2013 година бројот на регистрираните невработени лица во БиХ изнесувал 547.393. Бројот на регистрираните невработени во мај во однос на претходниот месец е намален за 0,4 отсто.

Загреб – Можно e да се случи за неколку години хрватско-српски тенкови повторно да се продаваат во Африка или на Блискиот Исто, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“, наведувајќи дека веќе постојат планови за заедничка соработка на воените индустрии на двете земји. Весникот потсетува дека поранешна СФРЈ беше голем извозник на оружје.

Загреб – Хрватскиот јавен долг кон крајот на март изнесувал 181,6 милијарди куни (24,2 милијарди евра) и достигна 53,6 отсто од БДП. Аналитичарите на Хрватската народна банка во најновиот Билтен, напоменуваат дека надворешниот и внатрешниот долг на државата во првите три месеци пораснал за 4,2 милијарди куни и наведоа дека очекуваат до крајот на годината тој да достигне околу 199 милијарди куни (26,5 милијарди евра), што е околу 60 отсто од БДП.

Љубљана – Одлуката на бонитетната агенција „Стандард и Пурс“ за задржување на кредитниот рејтинг на Словенија на А минус, претставува прв позитивен сигнал од 2010 година, смета словенечката премиерка Аленка Братушек. Таа за словенечката телевизија рече дека тоа е првпат по 2010 година, некоја од водечките агенции да не го намали рејтиингот  на Словенија. Ваквата своја одлука „Стандард и Пурс“ ја образложи со оценката дека Словенија во мај со пласирањето на две доларски обврзници во износ од 3,5 милијарди долари, ги покрила своите потреби за задолжување во оваа и дел од идната година, доколку трошоците за санација на банките во државна сопственост не биде поголем од сегашните проценки.

Љубљана – Руските компании би можеле да добијат барем една од 15-те државни фирми кои Владата на Словенија се одлучи да ги приватизира, со цел земјата да не бара европска помош за излез од кризата, најави рускиот министер за информации Николај Никифоров. – „Телекомот на Словенија“ сигурно е интересен за нас, но заинтересирани сме и за авиокомпанијата, аеродромот и банките, изјави Никифоров.  Во јуни словенечкиот Парламент во рамки на планот со мерки за штедење, одобри приватизација на неколку државни пртпријатија, меѓу кои и  „Телекомот“, втората по големина словенечка банка НКБМ, авиокомпанијата „Адрија Ервејз“, производителот на зимска спортска опрема „Елан“ и аердромот во Љубљана.

Куала Лумпур – Основачот на една од најголемите малезиски банки Хусеин Ахмад Најади, е убиен во вооружен напад во Куала Лумпур. Според полициски извори, Најади и неговата сопруга биле нападнати на еден паркинг од страна на едно или повеќе вооружени лица. Најади починал на самото место на нападот, додека неговата сопруга се наоѓа во тешка здравствена состојба. Основачот на петтата по големина банка во Малезија, Најади и претходно беше цел на напади.

Вашингтон – Водечкиот американски енергетски регулатор го обвини банкарскиот гигант „Џеј-Пи Морган Чејс“, за договарање на цените на електричната енергија. Според тврдења од извори запознати со состојбата, објавувањето на документот со обвинението е само формалност, бидејќи во следните неколку дена обелоденето дека е постигнат договор за вонсудско разрешување на спорот со испата на отштета од 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП