4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСупермече кое говори 30 јазици

Супермече кое говори 30 јазици

tedi

Конечно се оствари сонот на секое дете, тие сега можат да разговараат со своите играчки, а за ова се заслужни двајца иноватори кои доаѓаат од Британија.

Тие ја претставија играчката наречена „Supertoy Teddy“, плишана играчка која пее, чита приказни, а може да одговара и на прашањата така што се консултира со интернет.

Ова супермече на пазарот ќе се појави на крајот од оваа година, за време на божикните и новогодишните празници и се очекува да чини 39 фунти или околу 45 евра.

Играчката има роботски екстремитети и уста која е синхронизира со внатрешни звучници. Таа користи апликација која се превзема со паметните телефони, а потоа се инсталира во роботскиот систем на играчката.

Според иноваторите тие на купувачите имаат во план да им понудат три варијанти и тоа, една за деца, една општа и една за возрасни, слично на мечето од комедијата „Ted“.

„Успеавме да направиме одличен прототип со кој веруваме дека ќе го промениме начинот на кој децата си играат со своите играчки и како возрасните размислуваат за вештачката интелигенција“, велат пронаоѓачите Ешли Конлан и Карстен Флиге.

Покрај тоа што ќе раскажува приказни, плишаното мече ќе може да одговара на прашањата за времето, па дури и да чита вести, пушта музика и радио програми.

Тоа ќе може да говори повеќе од 30 јазици, а со текот на времето ќе памети што неговиот сопственик сака, односно несака и постепено ќе се адаптира на неговите вкусови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП