25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИзраелскиот стартап претстави батерии за автомобили кои се полнат за пет минути

Израелскиот стартап претстави батерии за автомобили кои се полнат за пет минути

Електричните автомобили постигнаа огромен напредок во последните неколку години, претежно во капацитетот на батеријата која им овозможува да поминат повеќе од 500 км со едно полнење.

Полнењето на батериите е исто така подобрено, особено ако користите специјални брзи полначи, но сепак треба да поминете драстично повеќе време на станицата за полнење отколку на бензинската пумпа за да наполните „до горе“.

Израелскиот стартап StoreDot верува дека наскоро ќе го реши ова со нов вид батерии кои можат да се полнат за само 5 минути и веќе започнаа да доставуваат инженерски копии до заинтересираните технолошки партнери.

Прототипите на батерии кои за StoreDot ги прави кинеската компанија EVE Energy се разликуваат од традиционалните батерии затоа што имаат металоидни наночестички наместо графит во анодата. Ова, според StoreDot, е „клучен чекор за надминување на големите проблеми во безбедноста и траењето на батеријата“. Понатаму, во иднина, StoreDot планира да користи силициум (наместо германиум) за овие наночестички, што треба да ги направи батериите значително поевтини, како што објаснуваат на ова видео.

„Ова претставува важна пресвртница, премин од лабораториска иновација во комерцијално остварлив производ кој може да премине за масовно производство. Ова го отвора патот за лансирање на нашата втора генерација, на прототип анода со силициум во батеријата за електрични возила подоцна оваа година “, рече др. Дорон Мајерсдорф, извршен директор на StoreDot.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП