23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

„Logitech International“ ја зголеми својата годишна прогноза и објави повеќе од троен скок на квартално прилагодената оперативна добивка. Поддржана од растот на побарувачката поврзана со пандемијата, и луѓето кои остануваат дома и бараат повеќе производи за оваа намена, како и повеќе додатоци за игри.

Производителот на компјутерски периферни уреди по трет пат ја зголемува прогнозата за растот на приходите од продажба и профитот за 2021-ва година. Сега очекува зголемувањето на приходите за целата година да биде помеѓу 57 и 60% под стабилни валутни услови, а прилагодената оперативна добивка да е 1,05 милијарди долари.

Побарувачката за неговите уреди за видео конференции и периферните уреди за компјутерски игри значително скокна бидејќи повеќе луѓе работат од дома, а продажбата на конзоли се зголеми како резултат на затворањето на кината и другите места за забава и рекреација.

Во третиот квартал, приходите од продажба на компанијата скокнаа зa 85% на 1,67 милијарди долари. Ова е обично најсилниот период за продажба на „Logitech“.

Претходно, „Logitech“ предвидуваше раст од 35 до 40% на годишниот приход во стабилни валутни услови и прилагодена оперативна добивка помеѓу 700 и 725 милиони долари.

„Инвестираме сè повеќе во нашите можности и луѓе за развој на потенцијалот што го гледаме во иднина“, изјави извршниот директор на „Logitech“, Бракен Дарел.

Со исклучок на некои елементи, заработката на швајцарската компанија во САД се искачи на 2,45 долари по акција во трите месеци до крајот на декември, за разлика од 0,84 долари по акција од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП