18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо овие гуми може да поминете 130.000 километри (ВИДЕО)

Со овие гуми може да поминете 130.000 километри (ВИДЕО)

Финската компанија „Nokian“, позната по зимските гуми, претстави нови пневматици под името „One“, кои можат да се пофалат со недостижна долговечност.

Овие се универзални гуми за цела сезона, што значи дека можете да се возат во текот на цела година, се разбира, доколку законот дозволува нешто такво.

Како што тврди „Nokian“, гаранцијата за животниот век е дадена за скоро 130.000 километри, поточно 128.750 километри.

Гумите веќе се произведуваат во американската држава Тенеси, но и од некои фабрики во Европа, иако гумата е развиена за пазарот во Северна Америка.

Нивната тајна е во материјалите, поточно во влакната што ја зајакнуваат структурата на гумите и обезбедуваат поголема отпорност, особено на штетите предизвикани од ударните дупки на патиштата и слично.

Финскиот производител дури подготви и видео за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП