4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Clio Gordini

Renault Clio Gordini

clio

Како што дознавамe верзијата „Gordini“ од четвртата генерација на моделот „Clio“ ќе биде со 230 ks и ќе биде најмоќната верзија на овој автомобил на „Renault“.

Новиот „Renault Clio Gordini“ како и досега ќе се разликува на прв поглед од останатите верзии и тоа благодарејќи на посебниот визуелен идентитет.

Купувачите ќе може да одберат неколку шеми на бои: основната „Blue Gordini“, потоа „Glacier White“ боја со сини украсни тркачки ленти, „Red Flame“ нијанси со палтинско бели ленти и „Platinum Gray“ боја со контрасни „Gordini“ сини ленти.

Куќиштата на надворешните ретровизори ќе бидат или црни или бели во зависност од основната боја на каросеријата.

„Clio Gordini“ ќе биде опремен со „Recaro“ спортски седишта и спортски волан во комбинација на црна кожа и „Alcantara“, кои ќе бидат поврзани со бели штепови и на нив ќе го има синото „Gordini“ лого. Педалите на ножните команди ќе бидат од алуминиум, а ентериерот ќе биде збогатен со детали од јаглеродни влакна.

clio1

На возачот на располагање ќе му биде и мултимедијалниот „R-Link“ систем со „RS Monitor“.

За погонот ќе биде употребен 1.6 литарски трубо-бензинец кој развива 230 ks (169 kW) и максимален вртежен момент од 285 Nm.

Покрај тоа што од „Renault Clio RS“ ќе биде помоќен за 30 ks, „Gordini“ ќе биде полесен и за околу 25 kg, па масата на автомобилот ќе изнесува помеѓу 1.175 и 1.180 kg.

„Clio Gordini“ ќе биде опремен и со посебно дизајнирани 18 инчни алуминиумски фелни. До 100 km/h автомобилот ќе развива за 5.9 секунди пред да достигне до максималните 250 km/h.

Цената на новото „Renault Clio Gordini“ би требало да се движи околу 28.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП