23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГутереш: Науката напредува, но солидарноста опаѓа

Гутереш: Науката напредува, но солидарноста опаѓа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го повика светот да покаже поголема солидарност, во време кога повеќе од два милиони луѓе починаа од коронавирус, со цел да се обезбеди достапност на вакцините во сите земји.

Тој во вчерашната видео порака рече дека владите се одговорни за заштита на народот.

„Науката напредува, но солидарноста опаѓа“, предупреди тој.

Тој додаде дека вакцините брзо стигнуваат до богатите земји, додека најсиромашните во светот воопшто ги немаат.

Гутереш рече дека водечките светски економии имаат посебна одговорност да ја поддржат програмата Ковакс на Светската здравствена организација за купување и дистрибуција на вакцини за коронавирус за најсиромашните луѓе во светот.

Тој ги повика богатите земји да ги поделат вишокот дози на вакцини кои „ќе помогнат итно да се вакцинираат сите здравствени работници ширум светот и да се заштитат здравствените системи од пропаѓање“.

Њујорк понуди вакцинирање на луѓе постари од 65 години, а 71-годишниот Гутереш треба да се вакцинира следната недела, изјави портпаролот на ООН, Стефан Дижарик.

Гутереш предупреди дека „национализмот за вакцинација“ е во полн ек уште во средината на декември, додавајќи дека сиромашните луѓе ширум светот се оставени да ги гледаат подготовките за вакцинација против коронавирус во богатите земји и се прашуваат дали и кога се вакцинираат.

Минатата недела, Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема светска солидарност во борбата против Ковид-19 и побара од богатите земји да престанат да склучуваат „билатерални договори“ со фармацевтските компании кои произведуваат вакцини.

„Барам од производителите да дадат приоритет за дистрибуција на вакцини преку механизмот Ковакс воспоставен од СЗО и нејзините партнери“, им рече на новинарите шефот на таа агенција на ООН, Тедрос Аданом Гебрејезус, во Женева.

Тој исто така ги замоли земјите кои порачале повеќе вакцини отколку што им требаат, „веднаш да ги дадат на кампањата Ковакс, која е подготвена да ги дистрибуира веднаш на фер начин“.

„Национализмот во областа на вакцините им штети на сите“, рече тој, жалејќи се дека вакцините почнаа да пристигнуваат во премалку сиромашни земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП