26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААпликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да опслужи 40 милиони...

Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да опслужи 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Signal“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека брзо ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана од Илон Маск и Едвард Сноуден, неодамна успеа да собере милиони нови корисници.

„Signal доживува технички потешкотии. Ние работиме напорно за да ја вратиме услугата што е можно побрзо“, им соопшти компанијата на своите 378.000 следбеници.

Повеќето коментари од корисниците се дека ниту една услуга во светот не е изградена за да се справи со 40 милиони нови корисници за една недела без никаков проблем. Некој дури забележа дека во просек, „Сигнал“ има стекнато 3.900 корисници во минута од 7 јануари.

Ова се случи кога сервисот за пораки „WhatsApp” на Facebook воведе нови правила за „приватност“ што во основа ги принудува сите да ги споделуваат своите лични податоци, поттикнувајќи го основачот на „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, да објави на Twitter: „Користете го Signal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП