26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонска берза го стави Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“

Македонска берза го стави Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“

Од Македонска берза известуваат дека на 14.01.2021 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

Влоедно, од Берзата известуваат дека  се врши бришење на издавачот Карбо Нова АД Крива Паланка од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради стечај на друштвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП