28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа секој Американeц чек од 1.400 долари пакет помош

За секој Американeц чек од 1.400 долари пакет помош

Идниот претседател на САД, Џозеф Бајден, го претстави предлогот на стимулативниот пакет, наведувајќи дека се потребни смели инвестиции за да се почне економијата и да се забрза дистрибуцијата на вакцините, со цел коронавирусот да се стави под контрола.

„Кризата со длабоко човечко страдање е пред нашите очи и нема време за губење“, рече Бајден за време на говорот во Делавер во ударниот телевизиски термин, додавајќи дека мора да се преземе акција веднаш, јави „Гласот на Америка“.

Пакетот помош вклучува 415 милијарди долари за поддршка на одговор на вирусот и дистрибуција на вакцини, околу 1.000 милијарди за директна исплата на американските домаќинства и близу 440 милијарди за мали и средни претпријатија и заедници кои се особено погодени од пандемијата.

Чековите за семејствата треба да бидат 1.400 долари по лице, покрај 600-те долари по лице што Американците веќе ги добиле од последниот пакет помош, што беше усвоен од Конгресот. Дополнителното осигурување за невработените исто така би се зголемило од 300 на 400 американски долари неделно и ќе продолжи до септември.

Претставници на преодниот тим изјавија дека планот на Бајден ќе биде пакет помош по кој ќе следува друг сличен пакет за неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП