25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на „Pfizer“ паднаа по намалената прогноза за профитот во 2021-ва

Акциите на „Pfizer“ паднаа по намалената прогноза за профитот во 2021-ва

Акциите на „Pfizer Inc.“ паднаа во вторникот откако извршниот директор на компанијата Алберт Бурла изјави дека прилагодената заработка на компанијата во 2021-ва година ќе биде во опсег од 3 до 3,10 долари по акција. Ова е под очекувањата на аналитичарите.

Вчера пред затворањето на тргувањето на берзата во Њујорк, тие се тргуваа за 36,91 долари за акција, што претставува пад од 2,3%.

Прилагодената заработка по акција се очекуваше да биде 3,18 долари оваа година, покажува истражувањето спроведено на 16 аналитичари спроведено од „Bloomberg“.

Бурла ги презентираше податоците однапред за време на говорот на здравствената конференција организирана од „JPMorgan“. Според него, бројките го вклучуваат и придонесот што вакцината за коронавирус развиена од компанијата се очекува да го има во резултатите. „Pfizer“ и „BioNTech“ беа првите кои беа одобрени за употреба во САД, Велика Британија и Европа.

„Ова е динамична ситуација“, рече Бурла.

Иако фармацевтските компании привлекоа внимание во текот на изминатата година за обид за развој на лек за борба против Ковид-19, побарувачката за други третмани се намали релативно. Овој феномен се рефлектираше во работењето на голем број здравствени компании – од осигурителни компании и аптеки до фармацевтски и здравствени компании.

За време на истата конференција, извршниот директор на „BioNTech“, Угур Сахин, рече дека двете компании ги зголемуваат целите за производство на вакцини за повеќе од 50% поради големата меѓународна побарувачка.

Претходно, „Pfizer“ и „BioNTech“ очекуваа да произведат 1,3 милијарди дози во оваа година, но сегашната нивна прогноза е околу 2 милијарди дози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП