25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„easyJet“ обезбеди нов 5-годишен заем, делумно гарантиран од државата

„easyJet“ обезбеди нов 5-годишен заем, делумно гарантиран од државата

Британската авиокомпанија „easyJet“ ја зголеми својата ликвидност преку нов петгодишен заем од 1,87 милијарди долари, поддржан со делумна гаранција од Велика Британија. Ова помага да се ублажат грижите за финансиите на компанијата, бидејќи пандемијата значително ги намали патувањата, пренесува „Reuters“.

Како и повеќето европски авиокомпании, проблематичниот авиопревозник се надева дека ќе се опорави оваа пролет. Сепак, неговиот најголем пазар, Велика Британија, останува блокиран и се очекува летовите да останат на минимум неколку месеци.

„еasyJet“ вели дека новиот кредитен капацитет го подобрува нејзиниот профил на подолг период. Компанијата планира да го отплати и да го откаже целосно повлечениот револвинг кредитен капацитет од 500 милиони долари и термински заеми од околу 400 милиони фунти (540 милиони долари) во првиот квартал.

За да ја преживее пандемијата досега, „еasyJet“ скрати 4.500 работни места, побара готовина од акционерите и продаде десетици свои авиони. Компанијата не исклучува понатамошно постапување во зависност од динамиката на пандемијата.

„easyJet“ ќе продолжи редовно да ја прегледува својата позиција на ликвидност и ќе продолжи да проценува дополнителни можности за финансирање доколку се појави потреба“, соопшти авиокомпанијата.

Новиот заем од 1,87 милијарди американски долари беше доделен од група банки и беше поддржан од гаранции обезбедени од британска шема за извозното финансирање, што вклучува некои ограничувања за идните исплати на дивиденда.

Од „еasyJet“ велат дека исплатата на пократок рок ќе „ослободи“ голем број средства на авионите, што дополнително ќе го зајакне билансот на состојба на превозникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП