29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку ќе заработевте ако пред 10 години инвестиравте во „Tesla“?

Колку ќе заработевте ако пред 10 години инвестиравте во „Tesla“?

Деценијата беше зачудувачка за инвеститорите во „Tesla“ – производителот на електрични автомобили стана креатор на милионери, покажуваат податоците на „Yahoo Finance“.

Компанијата на претприемачот Елон Маск дебитираше на берзата на 29-ти јуни 2010-та година и оттогаш цената на нејзините акции се зголеми за 18.318% на ново рекордно ниво од нешто повеќе од 800 американски долари.

Доколку некој инвеститор во 2010-та година инвестирал 10.000 долари, неговиот удел денес е 1,8 милиони долари. Ова значи над 63% просечен годишен принос. Инвестираните 10.000 долари во „S&P 500“ во истиот период се зголемија за само 267% до 36.732 долари. Ова значи просечен годишен принос од само 13%.

Тешко е да се разбере размерот на „бумот“ на акциите на „Tesla“.

Во текот на изминатите 10 години, пазарната капитализација на „Tesla“ се зголеми за 832 милијарди долари, и сега изнесува 834 милијарди долари. Компанијата е веќе петта по големина компанија во индексот „S&P 500“, пред „Facebook“.

Со сегашната капитализација, „Tesla“ чини околу 285% повеќе од „Toyota“, што ја прави најскапиот производител на автомобили во светот.

„Tesla“ чини околу десет пати повеќе од вкупната проценка на „General Motors“ и „Ford“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП