18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI

Мобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI

Услугата мобилно банкарство на Халкбанк која овозможува корисниците да имаат увид во своите сметки и да вршат трансакции на брз и едноставен начин, сега е достапна и на AppGallery на Huawei.

Клиентите на Халкбанк, корисници на мобилни телефони Huawei, на овој начин ќе можат да ги вршат сите услуги на електронското банкарство – увид во сметки, платежни картички, кредити, извршување плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 налози од своја трансакциска сметка, можност за креирање на сопствени шаблони за плаќање, лоцирање на најблиски банкомати и филијали, промена на лозинка и 24/7 телефонски контакт со банката.

Физичките лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка, преку мобилната апликација со својот мобилен телефон можат да вршат и повлекување готовина од АТМ на Халкбанк, како и да ја користат најновата услуга SmartSend која овозможува лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик кој има активна сметка во Халкбанк и успешно активирана SmartSend услуга.

Апликацијата мобилно банкарство на Халкбанк е достапна на следниов линк.

AppGallery на Huawei постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи компанијата е обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

Во портфолиото на AppGallery сите апликации, кои се поделени во 18 категории, се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизам за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei – AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации, со над 500 милиони активни корисници месечно и истата нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП