19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple, Amazon и Google го оневозможија преземањето на апликацијата Parler

Apple, Amazon и Google го оневозможија преземањето на апликацијата Parler

Големите технолошки компании „Amazon“, „Apple“ и „Google“ одлучија да ги прекинат врските со социјална мрежа која е омилена меѓу приврзаниците на Доналд Трамп.

Трите големи компании ја обвинуваат платформата дека продолжува да пренесува пораки кои поттикнуваат насилство, по нападот на приврзаниците на претседателот врз Капитол во средата, пренесува Хина.

Доколку Parler до понеделник до 09:00 часот по средноевропско време не најде друг доставувач на хостинг, кога Амазон ќе престане да им ги обезбедува своите услуги, нивната веб-страница веќе нема да може да функционира.

Ден по одлуката на Твитер за трајно исклучување на профилот на Доналд Трамп, Parler беше најсимнуваната апликација во САД на платформата на Apple.

Таа социјална мрежа, основана во 2018 година, функционира нешто како Твитер, корисниците можат да изберат кого ќе следат, а „парлеите“ ги заменуваат твитовите. Слободата на говорот е нивниот лајтмотив.

Седиштето е во Хендерсон, Невада, а основач е Џон Матце, компјутерски инженер. Ребека Мерсер, член на Републиканската партија, е нејзин голем донатор.

Првично, ги привлекувала ултра-конзервативците и крајно десничарите, а денес и поумерените републиканци.

Деновиве се здоби со голем број нови корисници кои се погодени од одлуката на Твитер да го затворат профилот на Доналд Трамп.

Многу приврзаници на американскиот претседател веднаш притрчаа кон конзервативните платформи како Parler и Gab.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП