28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Burger King“ се ребрендира за прв пат по повеќе од 20 години

„Burger King“ се ребрендира за прв пат по повеќе од 20 години

„Burger King“ го редизајнираше својот бренд, вклучувајќи го и своето лого, пакувањата на храната и рестораните, за да одговори на подобрувањата како отстранувањето на конзерванси, соопшти ланецот за брза храна, цитиран од „Reuters“.

„Направивме многу во однос на квалитетот и искуството на храната“, рече Фернандо Мачадо, глобален директор за маркетинг на „Restaurant Brands International“, сопственикот на „Burger King“.

„Чувствувавме дека ваквиот чекор на сето ова со подобрување на нашиот визуелен идентитет ќе ни помогне да им кажеме на потрошувачите дека ова е бренд што се развива“, рече тој.

Ова е прво ребрендирање на „Burger King“ по повеќе од 20 години и вклучува ново лого со заоблен фонт што ја рефлектира формата на неговите плескавици и другите делови од менито.

Боите (кафеава, црвена и зелена) се навестување за употреба на свежи производи и печење месо на оган, соопшти компанијата.

На почетокот на оваа година, „Burger King“ објави дека ќе ги отстрани сите вештачки бои и конзерванси од своите познати „Whopper“ хамбургери, бидејќи се повеќе се потпира на здрави опции за следење на вкусовите на потрошувачите.

Познатата маскота на компанијата – „The King“, нема да биде отстранета, и покрај ребрендирањето.

„Го сакаме таков каков што е“, рече Мачадо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП