20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВажно откритие: Вакцината на Фајзер е ефикасна и против новиот, многу позаразен...

Важно откритие: Вакцината на Фајзер е ефикасна и против новиот, многу позаразен вид на коронавирус

Новото научно истражување сугерира дека вакцината против Ковид – 19 на Фајзер / Бионтех може исто така да ги заштити пациентите од двете многу заразни мутации на новиот коронавирус, откриен во Велика Британија.

Мутациите на новиот коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка предизвикуваат глобална загриженост за ефективноста на новите вакцини. И двата вида делат заедничка мутација наречена N501Y, која претставува мала промена во шилестиот протеин на вирусот SARS-CoV-2. Заради оваа промена, се верува дека и двата мутирани вида се шират толку брзо и меѓу населението.

Вакцините кои се моментално достапни и кои допрва ќе бидат пуштени во оптек, всушност му кажуваат на телото како да препознае шилест протеин и како да се бори против него. Тим на научници од Фајзер ги здружија силите со колегите од Универзитетот во Тексас за да спроведат лабораториски тестови и да видат дали гореспоменатите мутации влијаат на ефективноста на вакцината.

Тие користеле примероци на крв од 20 лица кои примиле вакцина на Фајзер, а антителата од вакцината успешно го лекувале мутираниот вирус кај тие примероци, покажа истражувањето објавено во четвртокот вечерта.

Ова е прелиминарна студија која сè уште не поминала научни прегледи.

„Беше многу смирувачко да се открие дека барем една мутација, за која луѓето се најмногу загрижени, се чини дека не претставува никаков проблем“, нагласи д-р Филип Дормитцер, раководител на научниот оддел во Фајзер.

Дормитцер притоа мислел на британската варијанта, додека јужноафриканската не е тестирана, и е следна за тестирање. Јужноафриканската варијанта на новиот коронавирус, покрај претходно споменатата заедничка мутација со британската варијанта, има и дополнителна мутација наречена E484K.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП