25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПредвидувањата на Deloitte во секторот технологија, медиуми и телекомуникации: виртуелна реалност, виртуелни...

Предвидувањата на Deloitte во секторот технологија, медиуми и телекомуникации: виртуелна реалност, виртуелни посети на лекар, клауд и спортска технологија се сè поприсутни

Deloitte Global објави ново издание на „Предвидувања за секторот технологија, медиуми и телекомуникации“ во кој ги претставува начините на кои глобалните трендови во овие сектори може да влијаат на компаниите и потрошувачите ширум светот. Покрај тоа, извештајот истакнува колку овие трендови се водени од економските и општествени влијанија од глобалната пандемија што доведе до пораст на користењето на видеа, виртуелни и cloud технологии, како и медиумските сегменти како спортот.

Посетите на лекар ќе бидат заменети со видео-прегледи

Еден од ефектите на пандемијата COVID-19 е иницирање на трендот телемедицина, вклучувајќи ги и лекарските видео прегледи. Глобалната пандемија не само што овозможи отстранување на законските пречки за видео-прегледи, туку им овозможи и на корисниците подобро да ги разберат и искористат предностите на апликацијата за видео повици, особено на корисниците постари од 65 години.

И покрај првичните стравови, „Предвидувања за секторот технологија, медиуми и телекомуникации“ илустрира колку корисници (и лекари) се спремни да преминат на виртуелни прегледи, вклучувајќи ги и видео-прегледите. Deloitte предвидува дека процентот на виртуелните видео посети на лекарите ќе порасне за 5% ширум светот, во споредба со 1% во 2019 година. Дури и едноцифрен број е значаен, само во 2019 година во 36 држави од Организација за економска соработка и развој (Organisation for Economic Co-operation and Development) се забележани 8,5 милијарди лекарски прегледи, вкупна вредност околу 500 милијарди долари.

Образовниот систем и претприемачите одбираат виртуелна реалност

Пазарот за слушалки за виртуелна реалност расте поради се поголемата популарност на интерактивните технологии меѓу претприемачите и во образовниот систем. Deloitte предвидува дека, со оглед на купувањето од страна на корпорации и образовни институции, приходите од продажба на слушалки за виртуелна, проширена и мешана реалност, односно проширена и дигитална реалност, за потребите на претприемачите и образованието во 2021 година ќе порасне за 100% во однос на нивото од 2019 година.

Пазарниот пораст за тој тип на слушалки веќе е забрзан на некои пазари затоа што ризикот за зараза од корона вирусот ги принуди наставниците и учениците да ја заменат училницата со виртуелна. Пандемијата ја зголеми шансата за докажување на вредноста на слушалките па нивната застапеност ќе се зголеми штом заврши пандемијата поради разни други бенефиции кои со себе ги носат, како што се пониски трошоци, поголема безбедност и подобро усвојување на знаењето.

Пандемијата го поттикна растот на cloud технологиите

Некои податоци покажуваат дека порастот на пазарот на cloud технологиите бил побрз во 2020 година отколку во 2019. Според „Предвидувања за секторот технологија, медиуми и телекомуникации“, тој пораст е резултат на зголемената побарувачка поради пандемијата  COVID-19, а целосно затворање на бизнис околините подразбира работа на далечина. Deloitte предвидува дека порастот на приходите ќе остане поголем од 30% во периодот од 2021 до 2025 година бидејќи се повеќе компании се решаваат за cloud технологија за да заштедат пари, да станат поагилни и да придвижат иновации.

Поради овој тренд, тој пазар после пандемијата ќе биде појак од било кога. Провајдерите на услуги поврзани со cloud технологијата и другите членови на нивниот екосистем ќе имаат шанса да ја искористат зголемената побарувачка на оваа технологија, додека корисниците ќе можат да најдат нови начини за создавање нови вредности. Во блиска иднина cloud технологијата може да стане најчесто решение за сите бизниси.  

Жените и технологијата го менуваат светот на спортот

Иако бројот на спортски настани опадна во 2020 година, можноста за раст не. Deloitte предвидува дека двата најголеми трендови во спортот – зголемената монетаризација на женскиот спорт и употребата на дигитална технологија за создавање хиперквантификувани спортисти ќе продолжи по нагорна линија.

Женскиот спорт се движи кон остварување на профит од над милијарди долари во идните години. Можноста за придобивање на значајна телевизиска публика, создавање вредности за спонзорите и привлекување на фанови повеќе пати се докажа во последните десет години. Имајќи во предвид начинот на кој COVID-19 го забрза деталното преиспитување на бројни општествени аспекти, Deloitte предвидува дека и женскиот спорт ќе се гледа, промовира и комерцијализира на нови начини.

Во тек е уште една промена во спортот: собирање и анализа на податоци за спортистите.

Податоците за спортистите се повеќе се собираат во реално време, па сега е можно да се мерат показателите во и надвор од телото, на чија основа се носат разни заклучоци кои влијаат на донесувањето одлуки – па во суштина се раѓа, дигитален спортист. Хиперквантификуваниот спортист има неверојатен потенцијал и Deloitte предвидува дека до крај на 2021 година бројни професионални спортски лиги ќе воспостават нови политики во поглед на собирање, употреба и комерцијализација на податоци за играчите.

Четвртата индустриска револуција е на повидок

Edge computing – комбинација од напредна безжична врска, компактни процесори и вештачка интелигенција во близина на уреди кои користат и произведуваат податоци – веќе ги заинтригира некои од најголемите светски компании за технологија и комуникации. Deloitte предвидува дека во 2021 година глобалниот пазар за компјутери ќе генерира 12 милијарди долари со просечна годишна стапка на раст од околу 35%. Тој раст во главно резултат на работењето на телекомуникациските компании и ширењето на новата 5G мрежа и многу големи провајдери на услуги поврзани со cloud технологијата. Високо капитализираните лидери можат да олеснат воведување на еdge computing во неколку сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП