7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung Galaxy S4 Active: Телефон кој работи под вода

Samsung Galaxy S4 Active: Телефон кој работи под вода

Samsung-Galaxy-S4-active

Samsung го пушти во продажба новит телефон, Samsung Galaxy S4 Active, за кој тврдат дека е водоотпорен, отпорен на прашина, и безбеден да го користат деца.

Се работи за телефон кој е многу прифатлива опција за родителите кои имаат непослушни деца. Цената на телефонот изнесува 560 евра, а телефонот е пуштен во продажба во почетокот на месецов. Телефонот е дизајниран на тој начин  што може да остане под вода до 30 минути и има опција за снимање со водоотпорна камера.

Покрај тоа, неговиот LCD екран има компонента која овозможува користење на телефонот со ракавици.

Сепак, гаранција што доаѓа со телефонот не покрива одредени видови на штета, како што е оштетување или штета настаната поради незгода, неправилна употреба, ненормална употреба, несоодветно чување, изложување на разни течности, влага, песок или кал, и необични физички или електромеханички штети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП