9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите на „PSA“ го одобрија спојувањето со „Fiat Chrysler“

Акционерите на „PSA“ го одобрија спојувањето со „Fiat Chrysler“

Носителите на акции со два гласа во францускиот производител на автомобили „PSA Group“ дадоа „зелено светло“ за спојување на групацијата со „Fiat Chrysler“ (FCA), што е еден од последните чекори кон создавањето на четвртиот најголем производител на автомобили во светот, според „Reuters“ и „Bloomberg“.

На специјалното собрание на акционери, зделката за создавање на новата компанија „Stellantis“ беше поддржана од повеќе од 99% од гласовите дадени од инвеститори кои имаат акции кои обезбедуваат право на два гласа, вклучително и семејството „Пежо“ и кинескиот концерн „Dongfeng“.

„Подготвени сме за ова спојување“, изјави извршниот директор на „РЅА“, Карлос Таварес на конференција преку Интернет, додавајќи дека конечниот датум за спојувањето ќе биде објавен наскоро доколку одобрат сите акционери.

Акционерската структура се очекува да се промени како дел од спојувањето, а постојните права на двојно гласање што ги имаат некои акционери нема да бидат пренесени на новата компанија, објави „Reuters“.

Таварес, кој ќе го преземе кормилото на комбинираната структура, ќе мора да го ревитализира бизнисот на производителот на автомобили во Кина, да го насочи растечкото глобално царство и да се справи со огромниот капацитет и да се фокусира на создавање на „позелени“ автомобили.

Лидерите на „Fiat Chrysler“ и „PSA“ веруваат дека ќе ги зголемат приносите во размер поблизок до оној на „Volkswagen“ и „Toyota“, имајќи повеќе ресурси за да им конкурираат на електричните автомобили што се движат брзо и технолошките „натрапници“ во нивната индустрија. Но, откако ќе се заврши зделката, ќе се појават нови предизвици. „Stellantis“ ќе биде комбинација од различни линии на производи со завидни позиции во одредени сегменти и региони во светот, но ниту една од компаниите нема голема поддршка во подсекторот луксузни автомобили или огромниот пазар на кинески автомобили.

Откако ќе се соедини, „Stellantis“ ќе има 14 марки возила, како што се „Fiat“, „Maserati“, „Jeep“, „Dodge“, „Ram“, „Peugeot“, „Citroen“, „Opel“ и „DS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП