25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатувања по короната: Работи кои ќе биде тешко да се вратат во...

Патувања по короната: Работи кои ќе биде тешко да се вратат во нормала

Еден од проблемите на многу дестинации, како што се Венеција, Барселона, Париз, Дубровник итн, до неодамна беше огромниот број на туристи. Па, пандемијата успешно го „реши“ тој проблем. Прашањето е како овие дестинации ќе продолжат во иднина …

Иако сите едвај чекаме конечно да заврши оваа пандемија, дефинитивно ќе има големи последици зад неа. Некои работи ќе се променат, па иако ние со задоволство ќе се вратиме на патувањата, нема да биде баш сè како во времето пред короната …

Шведска маса за појадок

Некако се чини дека времето кога сами си земавме леб, правевме тост или сипувавме сок – засекогаш одѕвони. Во време кога стравот и те како ќе биде присутен подолго време, се чини дека рестораните и гостите нема да бидат воодушевени од идејата да чекаат ред за леб, салама, сирење или путер, туку дека сето тоа ќе биде послужено од персоналот.

Далечински управувач во собите (поточно, чувство на чистота)

Знаете за тие оценки од Tripadvisor, кога гостин не може да најде ништо позитивно во врска со хотелот, па ќе напише колку бил чист? Па, по короната, чистотата станува посебна категорија, а големите хотелски ланци, меѓу кои предничи Хилтон, веќе споменаа дека како една од главните хигиенски точки е целосна дезинфекција на далечинскиот управувач за ТВ. Во оваа категорија исто така спаѓаат рачките на вратите, прекинувачи за светло, контролната единица за климатизацијата, главно, сè што допираат гостите.

Премногу туристи (премалку туристи)

Еден од проблемите на многу дестинации, како што се Венеција, Барселона, Париз, Дубровник…, до неодамна беше огромниот број туристи. Па, пандемијата успешно го „реши“ овој проблем. Прашањето е како овие дестинации ќе продолжат во иднина, несомнено е дека луѓето сепак ќе бидат пресреќни да ги посетат, но многу е веројатно дека, барем за првите неколку години, бројот на посетители ќе биде значително помал. За почеток, луѓето ќе патуваат помалку. Сето ова може да доведе до туристички резултати кои баш и не се очекуваат…

Воздушен сообраќај

Со оглед на ограничениот број места, можно е авионските билети да поскапат, бидејќи не се исплати авиокомпаниите да продаваат билети по „смешни“ цени. Всушност, добар дел од луѓето кои ќе бидат во страв нема да сакаат да се „гужваат“ во авионот со други патници и доколку во авионите случајно дополнително го ограничат бројот на места – авионските билети ќе станат прескапи.

„Slow travel“

Претпоставка е дека по пандемијата ќе го оживее таканареченото „low travel“, односно дека туристите повеќе нема да брзаат од едно на друго место. На овој начин, хотелите исто така би можеле да профитираат, бидејќи добрата услуга и богатата хотелска содржина ќе играат голема улога. За очекување е кога ќе дојдете во некоја земја, да не посетувате по 5 градови за 3 дена по секоја цена, туку можеби ќе бидете задоволни со 3 …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП