2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАерофлот ќе прави своја нискобуџетна компанија

Аерофлот ќе прави своја нискобуџетна компанија

aeroflot1

Руската Аерофлот ќе инвестира околу 100 милиони долари во создавањето на нискобуџетна авиокомпанија во наредните две години. Според медиумите во оваа земја се очекува билетите да бидат од 20 до 40 проценти поевтини од редовните авиокомпани кои летаат на соодветните дестинации.

Нискобуџетната компанија на Аерофлот би требало да почне да лета во март 2014-та година, а првите дестинации кои ќе ги покрива се внатрешните линии до Санкт Петербург, Самара, Екатеринбург, Махачкала, Краснодар, Уфу и Калининград.

Во 2016-те година се предвидува превозникот веќе да лета до 26 дестинации, веројатно и повеќе меѓународни. За пет години паркот на новата компанија треба да се зголеми од првичните осум авиони, со кои ќе започне, до 40-50 летала.

Проценките на авторите на проектот покажуваат дека нискобуџетниот превозникот ќе излезе со добивка уште во втората година од своето работење и во 2015-та година ќе заработи околу 26 милиони долари, а до 2018-та година сумата ќе се зголеми на околу 150 милиони долари.

Се очекува оваа авиокомпанија годишно да превезува од 2 од 3 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП