29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Exxon Mobil“ на крајот на годината ќе отпише средства од уште 20...

„Exxon Mobil“ на крајот на годината ќе отпише средства од уште 20 милијарди долари

Порастот на цените на нафтата во последните месеци ќе помогне во стабилизирањето на „Exxon Mobil“ на крајот на последниот квартал од годинава. Сепак, компанијата во овој период ќе отпише средства за уште 20 милијарди долари, објави „Reuters“.

Во првите три квартали од 2020-та година, најголемата нафтена компанија во САД забележа загуби. Компанијата беше исклучена од индексот „Dow Jones“ откако нејзините акции паднаа за повеќе од 40 проценти.

Генерално, ова е една од најтешките години за енергетскиот сектор во земјата. Пандемијата на коронавирусот ја намали побарувачката за нафтени и енергетски производи, што влијаеше на перформансите на компаниите во овој сектор.

Покрај тоа, новата насока на инвеститорите е чистата енергија, додава агенцијата.

Прогнозите по последното движење на енергетскиот сектор на берзите се дека „Exxon Mobil“ може да пријави зголемување на резултатите во однос на производството на нафта и природен гас. Во третиот квартал, компанијата забележа загуба од 383 милиони долари од оваа активност.

Сепак, очекувањата се за нова загуба во однос на рафинериите на компанијата во четвртиот квартал. Во претходниот квартал загубата беше 231 милиони долари.

„Exxon Mobil“ исто така планира да ги намали трошоците за да можат да се стабилизираат. Една од целите е намалување на вработените за 15 проценти до следниот декември. Но, и покрај овие ограничувања, компанијата најверојатно ќе го заврши кварталот со загуба од 3,5 милијарди долари.

Извештајот за последниот квартал на 2020-та година ќе биде официјално претставен на 2 февруари 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП