24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСекое петто ново „BMW“ ќе добие електричен мотор

Секое петто ново „BMW“ ќе добие електричен мотор

Компанијата „BMW“ има намера да го прошири производството на електрифицирани автомобили, пренесува германскиот весник „Аugsburger Allgemeine“, повикувајќи се на шефот на компанијата Оливер Ципсе. Неговиот план предвидува секое петто ново „BMW“ да биде опремено со електричен мотор до 2023-та година.

За две години, од 2021-ва до 2023-та година, компанијата ќе произведе четвртина милион повеќе електрифицирани автомобили од планираното. На овој начин, „BMW“ ќе го зголеми учеството на своите електрични автомобили и хибриди од сегашните 8% на 20%. Веќе во 2022-ра година, електричните автомобили ќе се произведуваат во сите четири фабрики на марката во Германија.

За да успеат во овој потфат, на Баварците им е потребна моќна инфраструктура која сè уште не е доволно развиена дури и во земја како Германија. Според предвидувањата, во 2030-та година во земјата треба да се движат околу 10 милиони електрифицирани автомобили, на кои ќе им требаат најмалку милион станици за полнење.

„За да се постигне такво нешто, секоја недела мора да се отвораат 15.000 приватни и 1.300 јавни станици. За жал, барем засега, далеку сме од такво нешто“, коментира Ципсе.

„BMW“ планира да лансира 9 нови целосно електрични модели во следните 9 години, вклучително и оние под марката „MINI“. Тие ќе бидат изградени на тековните платформи на компанијата „FAAR“ и „CLAR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП