19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏек Ма загуби 11 милијарди долари за два месеци поради притисокот од...

Џек Ма загуби 11 милијарди долари за два месеци поради притисокот од Кина

Нето богатството на Џек Ма падна за скоро 11 милијарди долари од крајот на октомври откако Кина ја засили контролата над неговата империја и технолошките гиганти.

Богатството на 56-годишниот поранешен учител достигна 61,7 милијарди долари во оваа година, а Ма беше подготвен да ја врати титулата најбогат човек во Азија. Сега, со богатство од 50,9 милијарди долари, тој е рангиран на 25-то место на индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Коосновачот на „Alibaba Group Holding“ не е единствениот што чувствува притисок од зголемена владина контрола. Напорите на властите ги принудуваат инвеститорите да ги преиспитаат своите сопственици откако експлозивната потрага по мрежни услуги заради блокадите од коронавирусот ги поттикна овие акции нагоре. Во последните неколку недели, кинеските технолошки гиганти изгубија стотици милијарди долари капитализација. Акциите на „Tencent Holdings“ паднаа за 15 проценти од почетокот на ноември, а гигантот за испорака на храна Ванг Синг – „Meituan“ забележа пад на цената на акциите за скоро петтина од својот максимум во минатиот месец.

„Има бран на такви сигнали кои покажуваат дека кинеските технолошки гиганти остануваат на радарот на властите“, рече Брус Панг, раководител на макро и стратешко истражување во „China Renaissance Securities Hong Kong“.

Проблемите на Ма започнаа токму кога тој се подготвуваше да направи ИПО за својата компаниајта „Ant Group“. Наместо тоа, кинеските регулатори ја откажаа веројатно најголемата почетна јавна понуда во светот (ИПО), само два дена пред неговото планирано деби во ноември.

Суспензијата на ИПО-то на „Ant“ од 35 милијарди долари беше еден од првите знаци на репресијата на кинеската влада врз индустријата што влијаеше на секојдневниот живот на стотици милиони луѓе. Националните власти тогаш воведоа дополнителни ограничувања на секторот за потрошувачки заеми, предложија нови правила за ограничување на доминацијата на интернет гигантите и ги казнија „Alibaba“ и „Tencent“ за аквизициите.

И покрај неодамнешниот пад, кинеските интернет-магнати успеаја да го зголемат своето богатство бидејќи акциите на нивните компании пораснаа на почетокот на оваа година. 21-те технолошки милијардери следени од индексот на „Bloomberg“ во земјата заработија 187 милијарди долари во 2020-та година. Дури и нето-богатството на Ма е зголемено за 4,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП