25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради Ковид-19, „Alitalia“ доби помош од ЕК од 73 милиони евра

Поради Ковид-19, „Alitalia“ доби помош од ЕК од 73 милиони евра

Европската комисија (ЕК) даде зелено светло за државна помош на италијанската „Alitalia“, се вели во соопштението од Брисел. Авиокомпанијата ќе биде поддржана за проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

ЕК проценува дека надоместокот од нешто повеќе од 73 милиони евра во форма на директен грант е во согласност со правилата на ЕУ за државна помош. Овие средства ќе и помогнат на „Alitalia“ да ги врати загубите од затворањето на 19-те дестинации поради коронавирусот помеѓу 16-ти јуни и 30-ти октомври 2020-та година.

Анализите во Брисел покажуваат дека загубите се директно поврзани со коронавирусот и преземените мерки за ограничување на неговото ширење. Мерката е пропорционална на претрпените загуби.

Авиоиндустријата е еден од секторите кои се најтешко погодени од ширењето на коронавирусот, изјави комесарот за конкуренција Маргрет Вестагер. Таа потврди дека истрагата за претходната помош доделена на компанијата е во тек и дека ЕК е во контакт со италијанските власти.

Во 2018-та година, ЕК започна со испитување на заемите доделени една година порано во износ од 900 милиони евра на „Alitalia“ од италијанската влада. Во февруари 2020-та година, во Брисел започна друга истрага поврзана со авиокомпанијата – овој пат за заем од 400 милиони евра, даден во октомври 2019-та година.

„Alitalia“ е најголемиот авиопревозник во Италија. Во 2019-та година, компанијата превезуваше над 20 милиони патници од своите центри во земјата до меѓународни дестинации. Сепак, поради ширењето на коронавирусот во Европа, повеќето од нејзините летови беа прекинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП