Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска нешто по 12:15 часот во вторникот. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на 3 километри од Петриња.
Земјотресот се почувствува низ цела Хрватска. Сеизмолошката служба на Република Хрватска извести дека се очекува поголема материјална штета.

Корисниците на Твитер известуваат дека центарот на Петриња е уништен, сирените се слушаат низ целиот град.
Една зграда во Нови Загреб наводно се поместила неколку сантиметри и сите жители биле евакуирани.

