24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСе потсмеваа со Apple, а сега ги копираат

Се потсмеваа со Apple, а сега ги копираат

Samsung и Xiaomi беа меѓу компаниите кои се потсмеваа на Apple за отстранување на полначот од пакувањето на iPhone, а сега се чини дека ќе ги копираат во тоа.

Со новиот модел на iPhone, Apple реши да направи уште еден чекор кон зачувување на нашата единствена планета, па го отстрани полначот од пакувањето. Покрај помало производство, ќе се намали пакувањето, така што ќе се користи помалку картон и повеќе уреди ќе можат да се испорачуваат во еден контејнер и во возилото за испорака. Сето ова влијае на помала емисија на стакленички гасови, но секако влијае и на пониските трошоци за „Apple“.

Одлуката за отстранување на полначот од пакувањето беше со радост поздравена од конкурентите на „Apple“, кои веднаш започнаа да ги исмеваат и благо да ги провоцираат. Па така, Samsung објави фотографија на Facebook од полначот, нагласувајќи дека тоа е дел од опремата која доаѓа во пакувањето со нивните телефони. Според „The Verge“, Samsung неодамна ја избришал таа објава затоа што, според гласините, имаат намера да го сторат истото со следниот модел од серијата „Galaxy S“ – да го отстранат полначот од пакувањето.

„Apple“ го “боцкаа” и „Xiaomi“, кинеска компанија која ги надмина во третиот квартал од оваа година според бројот на испорачани паметни телефони. По претставувањето на новиот iPhone, Xiaomi објави кратко видео од отворањето на пакувањето на моделот Mi 10T Pro, на кое се гледа – полначот. Но, како и Samsung, и за Xiaomi исто така се чини дека малку избрзаа со критиките кон Apple затоа што поминаа само околу 2 и пол месеци откако тие се потсмеваа на Apple за полначот, а сега тие го прават истото.

Имено, Xiaomi има намера да го тргне полначот од пакувањето на смартфонот Mi 11. Ова преку социјалните мрежи го потврди основачот и извршен директор на компанијата Леи Јун. Причината е, како во случајот со Apple – еколошки. Тој посочи дека луѓето и онака имаат премногу полначи од старите телефони и дека нема потреба од нови полначи. Секако, Xiaomi ќе ги намали и трошоците.

Ќе биде интересно да се види дали „Apple“ ќе реагира на потезите на конкуренцијата која прво ги исмејуваше, а потоа ги копираше или ќе уживаат во тишината и гледаат како конкуренцијата повторно оди по нивните стапки, што веќе го видовме во примерот со слушалките. Дури откако Apple ги отстрани од iPhone, другите компании почнаа да ја користат истата тактика, а денес паметните телефони со 3,5 mm приклучок за слушалки се ретки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП