19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛуксузните брендови кои забележаа најголеми загуби во 2020-та

Луксузните брендови кои забележаа најголеми загуби во 2020-та

Луксузните брендови ширум светот пријавуваат големи загуби во 2020-та година поради панемијата со Ковид-19.

Падот на продажбата кај некои од нив е повеќе од 50 проценти за првите шест месеци од оваа година, пишува „Women’s Wear Daily“.

Продажбата на британската модна куќа „Burberry“ падна за 48,4% во првата половина од годината.

Основана во 1856-та година, компанијата беше принудена да отпушти 5% од своите вработени, главно во Велика Британија.

Американскиот моден гигант „Guess“ регистрираше сериозен пад на прометот.

За квартал, тоа е 260 милиони долари, наместо 536 милиони долари во истиот период во 2019-та година. Марката е основана во 1981-ва година во Лос Анџелес.

Продажбата на францускиот гигант „Kering“, во кој се вклучени „Gucci“, „Saint Laurent“ и „Bottega Veneta“, падна за 16,4 проценти.

Меѓународната компанија, основана во 1963-та година, е со седиште во Париз.

Сепак, најголемата загуба за првата половина на 2020-та година ја пријави најскапиот луксузен бренд – „LVMH“.

Тоа е француска мултинационална компанија позната по брендовите „Louis Vuitton“, „Givenchy“, „Guerlain“, „Chaumet“, „Moët & Chandon“, „Hennessy“ и други.

Само нето добивката на „Louis Vuitton“ падна за 84 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Секако и кај пониските буџетски брендови се забележува сериозен пад на продажбата.

За само три месеци, гигантот за спортски производи „Nike“ изгуби 790 милиони долари.

Најголемиот трговец на облека во Европа, „H&M“, забележа пад на продажбата од 57%, што го принуди да затвори 170 продавници во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП