28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТоп 15 телефони чија батерија трае најдолго

Топ 15 телефони чија батерија трае најдолго

Добро позната веб-страница за технологија, „Tom’s Guide“, објави список на телефони чија батерија трае најдолго.

Траењето на батеријата е се повеќе во фокусот на многу корисници, кои сакаат да ги користат своите уреди што е можно подолго, без потреба од полнач. И покрај фактот дека, покрај големината на екранот и спецификациите, растат и капацитетите на батериите што многу производители ги ставаат во своите телефони, но не се сите телефони исти.

Затоа експертите од страницата „Tom’s Guide“ направија посебен тест за да утврдат кои телефони навистина имаат најдолго траење на батеријата. За време на тестирањето, телефоните постојано сурфаа на Интернет преку LTE или 5G сè додека не остане без батерија.

Просечен телефон успеа да издржи 10 часа, но телефоните на списокот успеаја да извлечат максимум од батеријата и да сурфаат на интернет 11 часа.

На врвот на листата се најде моделот „Motorola G8 Power“, кој остана вклучен повеќе од 16 часа и има батерија од 5.000 mAh.

Погледнете го комплетниот список на телефони со најдолго траење на батеријата:

1. Motorola G8 Power: 16:10 (16 часа и 10 минути)

2. Motorola G7 Power: 15:35 часа

3. Asus ZenFone 6: 15:01 часа

4. LG V60 ThinQ 5G: 12:46 часа

5. Motorola G Fast: 12:17 часа

6. Motorola G Stylus (Pro): 12:13 часа

7. Motorola Edge: 12:12 часа

8. Samsung Galaxy S20 Ultra: 11:58 часа

9. iPhone 11 Pro Max: 11:54 часа

10. OnePlus Nord N10 5G: 11:48 часа

11. LG G8X ThinQ двоен екран: 11:46 часа

12. Motorola Z4: 11:31 часа

13. iPhone 11: 11:16 часа

14. TCL 10 5G UW: 11:07 часа 15. OnePlus 8 Pro: 11:05 часa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП