23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовото откритие нè приближува до квантниот интернет

Новото откритие нè приближува до квантниот интернет

За прв пат во историјата, експертите на НАСА, заедно со нивните соработници, извршија квантна телепортација со долг дострел.

Ова откритие може да ги постави темелите за одржлив квантен интернет, каде што податоците се испраќаат на долги растојанија. Резултатите дополнително ќе се подобруваат со надградба на системот, кои треба да бидат подготвени до вториот квартал на 2021 година.

Квантната телепортација е пренесување на квантни состојби од едно на друго место. Станува збор за тековниот транспорт на квантни информативни единици, кои се нарекуваат квабити, на оддалеченост од 44 километри побрзо од брзината на светлината.

Кубит е квантен аналог на битот. Односно кубит, како битот, содржи информации за две различни состојби, со вредности 0 и 1.

Овој трансфер е извршен со употреба на квантно преплетување, каде што се поврзани две честички така што информациите кои се делат со едната, се делат точно со другата истовремено. Врз основа на тоа, заклучокот дека квантната состојба на секоја честичка зависи од состојбата на другата честичка, дури и ако тие се оддалечени.

Експериментот го спроведоа експерти од Калифорнискиот институт за технологија „Калтек“, НАСА и „Фермилаба“. Конкретно, тие изградија поврзан систем помеѓу две лаборатории што се оддалечени 44 км.

„Сакавме да дадеме поттик за овој вид на истражување и да преземеме важни чекори кон реализација на вистинската апликација за квантна комуникација, како и унапредување на мрежата и тестирање на основните идеи во физиката“, изјави за “Мадерборд” Панајотис Спенсесурис, раководител на програмата за квантна наука во „Фермилабу“.

“Луѓето на социјалните медиуми прашуваат, на шега, дали треба да бараат кватен интернет провајдер. Горди сме што ја постигнавме оваа пресвртница на одржливи системи за квантна телепортација со високи перформанси”, рече Марија Спиропулу од Калтека.

Квантните компјутери се способни да вршат пресметки скоро 100 трилиони пати побрзо од најмоќниот супер компјутер во светот. Екипи од Универзитетот за наука и технологија во Кина, како и „Гугл“, успеаа да направат вакви подвизи.

Сепак, оваа технологија сè уште не ја достигна точката која што ќе може да се примени и во моментов е ограничена на тестирање, но веќе постојат големи планови. Така, Министерството за енергетика на САД планира да изгради квантна мрежа помеѓу своите лаборатории во сите земји.

Ова откритие за квантна телепортација ги постави темелите за квантни интернет услуги, што би било голем напредок за компјутерите, бидејќи системите за квантна комуникација се побрзи и побезбедни од конвенционалните мрежи благодарение на употребата на фотони – кои не можат да бидат хакирани – наместо компјутерскиот код.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП