19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Xiaomi“ забележа пазарна вредност од 100 милијарди долари

„Xiaomi“ забележа пазарна вредност од 100 милијарди долари

Леи Јун, основачот на „Xiaomi“, изрази големо задоволство откако пазарната вредност на кинескиот производител на телефони надмина 100 милијарди долари.

Акциите на компанијата забележаа скок на вредноста од дури 9,1 процент, а на берзата во Хонг Конг тие го достигнаа 13-тото место на листингот на „Hang Seng Index“, со споменатата пазарна капитализација од 100 милијарди долари.

„Xiaomi“, која генерира најголем дел од својата продажба од телефонскиот бизнис, првично беше насочена кон капитализација од 100 милијарди долари за нејзиното оригинално ИПО во мај 2018-та година. Сепак, на своето деби, компанијата успеа да постигне само половина од посакуваната пазарна вредност.

Акциите на компанијата започнаа да бележат поголем раст во август годинава, откако беше објавено дека „Xiaomi“ ќе биде додаден на „Hang Seng Index“. „Xiaomi“ во ноември објави најбрз квартален раст на продажбата во последните две години, додека заработката ги надмина очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП